29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во фабриката во која се составува возило од 2,4 милиони евра...

Погледнете во фабриката во која се составува возило од 2,4 милиони евра (фото)

Benjamin A. Monn, BAM Photography, Bugatti Chiron

Еден од најскапите и технолошки најсовршените спортски автомобили на денешницата – „Bugatti Chiron“, се изработува во погонот Молшејм во Франција.

Производството на наследникот на моделот „Veyron“ започна во фабриката на „Bugatti“ која се вработени само 20 работници. Тие имаат задача од 1.800 различни делови и компоненти да го состават новиот „Chiron“, a се проценува дека во првата година од производството (2017-та) од погонот ќе излезат 70 комплетирани автомобили.

prochiron 00

Со оглед дека досега се добиени 220 нарачки, работниците следните три години ќе бидат ангажирани со изработката на однапред продадените автомобили.

Моментално се работи на 12 возила кои ќе им бидат испорачани на првите купувачи во наредните неколку месеци.

prochiron 04

„Bugatti“ вкупното производство на моделот „Chiron“, кој се продава по цена од 2,4 милиони евра, ја ограничи на 500 примероци. На купувачите на располагање им се бројни опции за персонализација, во понудата се 23 бои на надворешноста, додека кожниот ентериер ќе биде достапен во 31 нијанса.

Идните сопственици можат да изберат 8 бои на „Alcantara“ навлаките, 30 видови на конци со кои ќе бидат поминати седиштата и тапацирот, 18 видови на патосници и дури 11 бои на безбедносни појаси.

prochiron 05

Доколку некој од купувачите не е задоволен со понудените опции, во „Bugatti“ ќе му излезат во пресрет и ќе му испорачаат возило во која и да посака боја, со соодветна доплата во однос на основната цена.

Кога со клиентот ќе бидат договорени сите детали, „Chiron“ влегува во процес на рачно производство, кое во просек трае околу 6 месеци.

prochiron 03

Погонот Молшејм започна со работа во 2005-та година. Во просторот со површина од преку 1.000 квадратни метри досега се изработени сите 450 примероци на „Bugatti Veyron“, за време на производството кое траеше цела деценија.

Во годините кои се пред нас, во оваа работилница ќе се оставува исклучиво моделот „Chiron“.

prochiron 02

Новиот „Bugatti“ го надмина „Veyron“ како по цената, така и по спецификациите на моторот и перформансите. „Chiron“ зa погон користи 8.0-литарски W16 чија маса, слично како и кај „Veyron“, 628 kg, но кој испорачува дури 300 коњски сили повеќе – 1.500 ks (1.103 kW) при 6.700 вртежи, и развива 1.600 Nm максимален вртежен момент, достапен во опсег од 2.000-6.000 o/min!

Моторот е поврзан со подобрен седумстепен автомастки менувач со двојно квачило, а моќта се испорачува на сите 4 тркала.

prochiron 01

„Chiron“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 2,5 s, додека за достигнување на брзината од 200 нa час му се потребни 6,5 секунди. До 300 km/h автомобилот забрзува за 13,6 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП