19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во февруари 20.910 денари

Просечната плата во февруари 20.910 денари

denari

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесува 20.910 денари која во однос на февруари лани бележи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сé, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Градежништвото за 10,6 отсто, Информации и комуникации за 7,7 отсто и Транспорт и складирање за 7 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во Рударството и вадење камен за 15 проценти, Градежништвото  за 5 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,6 отсто.

Во февруари просечната бруто плата изнесува 30.644 денари и е 1,3 проценти повисока од февруари минатата година.

Во февруари 2013 година, 2,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП