28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВорен Бафет: Како да инвестирате

Ворен Бафет: Како да инвестирате

buffett-600x330

Кога Ворен Бафет дели совети за инвестирање, целиот свет слуша. Најголемиот светски инвеститор никогаш не бил срамежлив, кога станува збор за делењето на стратегии, кои му помогнале да го достигне денешниот успех и да биде еден од најуспешните и најбогатите бизнисмени во светот.

1. Најлошата инвестиција, кога станува збор за долгорочното инвестирање, се парите. Во ред е да држите одредена сума на пари во кеш, со цел да си го обезбедите комфорот за идните инвестирања, но никогаш немојте да инвестирате во кеш, тоа е најлошата работа која можете да ја направите!

2. Инвестирајте во фонд кој го следи индексот S&P 500. Економијата ќе го одработи својот дел од работата. Ваше е само да не купувате акции по погрешна цена или во погрешно време. Многу едноставно: купете евтини акции и чекајте ситуацијата да се заврти во ваша корист. Немојте да се обидувате да ги надмудрите економските фактори, бидејќи на нив не можете да влијаете.

3. Инвестирајте во себе. Најсигурната и најисплатливата инвестиција која можете да ја направите е да инвестирате во сопствените способности.

4. Ако сте одлучни во намерата да купите акции во некоја компанија, немојте да бирате сектор во кој не се разбирате, само затоа што е највредниот.

5. Концентрирајте се на конкуренцијата. Купувањето на акции од некоја компанија е купување на дел од специфично работење. Пример за тоа е, ако сакате да се вклучите во бизнис со угостителство или трговија и отворите мал ресторан или продавница, она што треба најмногу да ве загрижува е конкурентноста, како угостителско-трговскиот сектор, така и одделни продавници-ресторани, каква е позицијата на пазарот и каква положба можете да заземете во однос на конкуренцијата.

6. Инвестирајте на долги стази. Ако не сте подготвени во одреден бизнис да се обврзете на минимум 10 години, немојте да инвестирате ниту на 10 минути.

7. Најтешкиот дел во врска со инвестирањата е – довербата во самите себе. Морате да ги разделите умот и ставовите од ставовите на масата и јавноста. Менталитетот на повеќето прави одделна интелигенција да се спои во една, просечна вредност. Да донесувате паметни одлуки, не значи секогаш да бидете строго рационални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП