28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет намирници кои го намалуваат крвниот притисок

Пет намирници кои го намалуваат крвниот притисок

Огромен број на луѓе ширум светот страдаат од зголемен крвен притисок, а на повеќето од нив здравата исхрана може да им помогне да ги ублажат па дури и целосно да ги нормализираат симптомите.

Ви претставуваме намирници кои се природни борци против високиот притисок.

Какао

Какаото содржи високо ниво на флавоноиди, нутриенти кои го намалуваат крвниот притисок така што ги шират крвните садови и го олеснуваат протокот на крв.

Какото можете да го користите на многу креативни начини. Додадете го во утринкото кафе или шолјата млеко, а нормално, тука е и темното чоколадо. Избирајте го она со 70 и повеќе проценти какао.

Спанаќ

Спанаќот има дури три состојки кои се борат против високиот крвен притисок – калиум, фолати и магнезиум.

Калиумот помага во ослободувањето на натриумот (а со тоа и на вишокот течности) од телото и го намалува крвниот притисок. Магнезиумот ги опушта крвните садови и им помага да ја одржат еластичноста, додека фолатите учествуваат во разградувањето на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува ѕидовите на крвните садови.

Лук

Освен што во многуте јадења ја дава исклучителната арома, лукот се бори и против високиот крвен притисок благодарение на високото количество на алицин. Студиите покажаа дека, за разлика од фармацевтските лекови, лукот нуди намалување на крвниот притисок без нуспојави, освен евентуално непријатниот мирис.

Бел грав

Сите видови на грав се здрави бидејќи имаат висока содржина на влакна, протеини и железо, нутриенти кои помагаат во општото здравје на организмот, но и во намалувањето на холестеролот. Меѓутоа, белиот грав има предност бидејќи е богат и со калциум.

Овој минерал игра важна улога во грчењето и отпуштањето на мускулите на крвните садови.

Тиква

Оваа супернамирница богата е со калум, кој го олеснува притисокот на ѕидовите на артериите и помага во исфрлувањето на вишокот течности од организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП