19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG oткри повеќе детали за G6

LG oткри повеќе детали за G6

skrin3

„LG“ од претхдно најавуваше дека на 26-ти февруари во Барселона ќе го претстави својот следен телефон, а сега пристигнаа и официјалните покани во кои се открија повеќе детали и за самиот уреди, но и потврдија дека тоа е „G6“.

Самата покана го открива главниот слоган „Голем екран кој се вклопува“, што ги потврдува информациите и за фотографиите кои се појавија овие денови дека телефонот ќе може и натаму да се користи со една рака.

Телефонот би требало да има голем екран од 5,7 инчи, речиси без рабови, во однос на големината на екранот уредот во споредба со уредот е поголем од 90 отсто.

Резолуцијата на екранот ќе биде 1440×2880 со нетипичен формат 9:18. Најновите гласови велат дека „LG“ ќе го користи името „True Vision“ зa својот нов екран.

На пазарот во Јужна Кореа би требало да биде достапен веќе од 10-ти март, а во САД од 7-ми април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП