29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелегација од Сечуан, НР Кина, во посета на Стопанската комора

Делегација од Сечуан, НР Кина, во посета на Стопанската комора

stopanska-komora

Презентирање на можностите на македонската економија и на потенцијалните сектори  во кои се заинтересирани да инвестираат кинеските инвеститори, како и размената меѓу Македонија и НР Кина беа тема на разговор на денешната  средба меѓу делегацијата од кинеската провинција Сечуан и Стопанската комора на Македонија.

– Се запознавме со привилегиите и предностите за привлекување на странските инвестиции во Македонија. Кога ќе се вратиме во Кина ќе им ги пренесеме соодветните информации на моите колеги и пријатели бизнисмени, изјави Јан Тонгминг од Здружението на стопански комори од Сечуан по средбата комора.

Потпретседателот на Стопанската комора Антони Пешев рече дека треба да се работи на намалување на дисбалансот во трговската размена со Кина која лани изнесувала околу 500 милиони американски долари. Најголем дел од македонскиот извоз отпаѓа на фероникелот и прехранбените производи, а од лани започна да се извезува и вино.

 – Потенцијалот на трговската размена се наоѓа на страната на Кина, што е разбирливо. Битно е што бројот на производи што од Македонија се извезуваат во Кина постојано расте, но се уште дисбалансот од 200 милиони долари е нешто на што треба да поработиме.  Овој тип на посети ќе помогнат тој небалансиран однос да добие поинаква димензија, нагласи Пешев.

Тој посочи дека Македонија може да биде отскочна даска за кинеските компании за настап на регионалниот пазар и додаде дека делегацијата од Сечуан не е заинтересирана само за трговска размена туку и за директни инвестиции.

– Делегацијата од Сечуан беше запознаена со сите поволности кои државата им ги нуди на странските инвеститори за отворање нови бизниси. Македонија се наоѓа на стратешки добра локација, па секоја инвестиција им го намалува трошокот на пристап на териториите на земјите од поранешна Југославија и од Балканот. За нив е интересно и што имаме добри релации со Турција, како и нашиот слободен пристап до пазарите со повеќе од 650 милиони жители. Покрај ниското ниво на даноци можеме да им ги понудиме и потенцијалите во туризмот особено за инвестирање во туристичките дестинации и заштитената природна средина, додаде Пешев.

Истакна дека очекува она што и беше кажано на кинеската делегација денеска да им биде пренесено на нивните 58.000 членки.  Рече дека очекува наскоро поголема делегација од Кина да дојде за да ги испита можностите на Македонија и на поширокиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП