16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАCareerCast: Професии кои ќе исчезнат во наредните неколку години

CareerCast: Професии кои ќе исчезнат во наредните неколку години

posao-4-1900x972_c

Според вебсајтот „CareerCast “, меѓу најзагрозените работни места, односно професии кои наскоро би можеле да исчезнат на првите две места се наоѓаат поштарите и дактилографите.

Се очекува дека бројот на работни места во поштите ќе се намали за 28 проценти до 2024 година, бидејќи во светот во кој комуникацијата се сведува на пораки, телефонски разговори, па дури и сметки кои пристигнуваат преку мејл, овој податок не треба толку да не изненади.

Автоматизацијата е заслужна за големиот број на професии кои ќе исчезнат или ќе се намалат, па така се предвидува дека до 2024 година бројот на дактилографи ќе опадне за 18 проценти. Се очекува пад од 15 проценти кај мерачите на броила со оглед на воведувањето на паметни броила кои податоците за потрошувачката автоматски ги испрќаат во централата на компаниите за електрична енергија, вода и сл.

На четврто место се најоѓаат диџеите за кои се очекува дека ќе бидат намалени за 11 проценти, пренесуваат медиумите, додека на петтото место се најдоа лицата кои изработуваат и продаваат накит со пад од 11 проценти, колку што е проценет падот и за проценителите на ризици во осигурувањата, кои се на шестата позиција.

Седмото место го заземаа кројачите со пад од девет проценти, на деветата позиција се новинарите во печатените медиуми за кои е предвиден пад од осум проценти, а последни, десетопласирани се компјутерските програмери на кои им се предвидува пад од осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП