19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо четвртиот квартал од 2016-та испорачани се 20,01% помалку таблети

Во четвртиот квартал од 2016-та испорачани се 20,01% помалку таблети

pomalku tableti3

„IDC“ ги објави податоците поврзани со состојбата на пазарот на таблети (оние електронските, не медицинските) во текот на четвртиот квартал од 2016-та година. Од податоците може да се забележи дека вкупниот пад изнесува 20,1% во однос на истиот период од 2015-та.

Кога бројките ќе се разгледаат поединечно може да се забележи дека најголем пад во минатата година оствари „Apple“. „Apple“ во четвртиот квартал испорача вкупно 13,1 милиони „iPad“ уреди, што е за 3 милиони уреди помалку во истиот период од 2015-та, односно пад во висина од 18,8%.

Другиот најголем губитник e „Samsung“ кој во споменатиот период испорача околу милион таблети помалку (8 милиони) што резултираат со пад во висина од 11,4%. Последен губитник на листата е „Amazon“ кој во текот на четвртиот квартал од 2016-та година испорача 0,6% таблети помалку (5,2 милиони) отколку во истиот период од лани.

Единствените производители кои во наведениот период забележаа зголемување на бројот на испораки се „Lenovo“ и „Huawei“, чии испораки се зголемиле за 14,8% (Lenovo) и 43,5% (Huawei). Oстанатите производители на таблети во светот забележаа пад на испораките за 35,1%.

Кога ќе се согледа вкупната бројка на сите производители на таблети во четвртиот квартал од 2016-та се испорачани 52,9 милиони таблети, што е за 20,01% помалку отколку во четвртиот квартал од 2015-та кога испорача 66,2 милиони таблети.

Што се однесува до уделот на пазарот на прво место и натаму е „Apple“ кој држи 24,7% од пазарот, а следи „Samsung“ на второто место (15,1%), па „Amazon“ е на третото место (9,7%). Четвртото и петото место им припаѓа на компаниите „Lenovo“ и „Huawei“ кои држаат по 7,0% и 6,0% пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП