28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети кои ќе ви помогнат да добиете поголема плата

Неколку совети кои ќе ви помогнат да добиете поголема плата

повисока-плата

Истражувањата покажуваат дека разговорот за плата на работниците им е најстресната тема со која можат да се сретнат. Како ли им е кога мораат на шефот да му побараат зголемување на платата?

Како и при секоe преговарање потребно е да имате план. Еве како би требало тоа да изгледа.

1. Поставете граници

При секое преговарање мора да знаете што е прифатливо, а што не, под која сума никако не можете да одите. Внимавајте да не надвладеат адреналинот и возбудата над рационалните сфаќања на ситуацијата.

2. Tактика

Сакате ли да побарате 20 проценти зголемување на платата, знаејќи дека ќе прифатите и 10 или ќе се задржите на 20 по секоја цена? Пред преговорите морате да одлучите за тактиката. Ова е како да играте покер. Исто така важно е да знаете да го препознаете моментот кој е најдобар за разговор со шефот, всушност кога се најголемите шанси да им удоволи на вашите барања.

3. Објаснете

За зголемувањето на платата мора да постои добра причина, нешто вредно што сте го направиле за компанијата во последно време. Исто така, добро е да знаете каква е ситуацијата со останатите работници. Дали тие добиле зголемување, ако добиле, кога и зошто? Сето тоа е корисно да го знаете пред разговорот со шефот.

4. Останете мирни и слушајте

Не прикажувајте анксиозност. Вашиот предлог изнесете го само еднаш, не го повторувајте како папагал. Ќе испаднете несигурни и наметливи. Исто така, внимателно слушајте што има шефот да ви каже, дајте му прилика да ја објасни ситуацијата. Така ќе имате можност да создадете дијалот, а не ситуација во која само вие зборувате.

5. Прашајте го шефот како тој би постапил

Свртете ја ситуацијата и прашајте го шефот што тој би направил во вашата ситуација. Прашајте го дали тој би ја прифатил договорената понуда да е на вашето место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП