29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПриходите на Pokémon Go ja минаа границата од 1 милијарда долари

Приходите на Pokémon Go ja минаа границата од 1 милијарда долари

pokemon3353

2016-та година беше година на „Pokémon Go“ – таа ги собори сите рекорди и достигна приход од 500 милиони долари побрзо од било која друга апликација. Сега таа освои уште едно признание, откако стана играта, која најбрзо достигнала до приходи од 1 милијарда долари, пренесува „TechCrunch“.

Податоците се од новиот извештај на компанијата за анализа на апликации „Sensor Tower“. За да го поставиме овој рекорд во одреден контекст, ќе се спомене дека според еден од последните извештаи на „App Annie“, програмерите на „IOS“ и „Android“ имаат заработено вкупно околу 35 милијарди долари во минатата година.

„Pokémon Go“ генерираше 1 милијарда долари за малку повеќе од шест месеци, и тоа без да може да се користи во Кина, најголемиот светски пазар на смартфони. Тоа е побрз раст од други игри, кои ја достигнале оваа сума, како „Candy Crush Saga“ и „Puzzles & Dragons“.

„Sensor Tower“ ги споредува преку дијаграм приходите на „Pokémon Go“ со оние на друга мобилна игра – „Clash Royale“ на „SuperCell“. „Clash Royale“ генерираше околу 550 милиони долари во првите седум месеци. „SuperCell“ е позната по производство на игри со висока бруто вредност и силно зависни игри, но и покрај тоа „Pokémon Go“ се покажува како успешна.

Според „Sensor Tower“, сега „Pokémon Go“ не е толку профитабилна, како што беше во врвот. Аналитичар на компанијата претпоставува дека сега играта генерира помеѓу 1,5 до 2,5 милиони долари на ден, доста под пикот на вредност од 18 милиони долари на ден, но тимот зад апликацијата имал способност и лојални фанови, за да го подигне повторно растот на приходите.

На пример, може да се додадат нови ликови и специјални настани. Периодот околу „вештерките“ можеби двојно ги зголеми приходите на играта, додека постои потенцијал за зголемување на ангажираноста преку лансирањето на апликацијата за „Apple Watch“. А освен тоа, се очекува да се појави и втората генерација на „Pokémon Go“.

Покрај тоа, не се опфатени сите пазари. Апликацијата штотуку беше пуштена во Јужна Кореја, еден од најпрофитабилните пазари за мобилни игри на Земјата. Производителот „Niantic“ може да истражува и евентуалното пуштање во Кина, каде што меѓу пречките се стравувањата на властите и недостатокот на услугите на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП