28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШеф - Да бидете оној од кој се плашат или оној кој...

Шеф – Да бидете оној од кој се плашат или оној кој го сакаат?

Leadership

Николо Макијавели, ренесансен политичар, писател и филозоф кажал една славна реченица: „Посигурно е да бидете оној од кој се плашат, отколку оној кој го сакаат“. Дали може овој совет да се примени и во бизнис позициите денес?

Сите вработени сакаат одлични и симпатични шефови, но малкумина уживаат во оваа привилегија. Сепак, дали тоа ги прави шефовите и менаџерите одлични? Некои велат дека е поефикасно да се користи тактиката на страв за да се дојде до резултати. Други тврдат дека шефовите кои ги подржуваат своите вработени се најпродуктивни. Кој е во право?

Шеф чудовиште

Повеќе луѓе барем еднаш во животот доживеале работен однос со овој вид на шефови. На нив обично им се доделуваат разни прекари како што е „кретен“ и сл. Тоа се оние шефови кои во пракса спроведуваат микроменаџмент, кои ви стојат зад рамениците и извикуваат наредби додека вие се препотувате. Кога се лути, цела канцеларија е свесна за тоа… Пцујат, посочуваат со прстот, фаворизираат некои вработени, арогантни се и дволични. Тие во канцеларијата владеат со челична дланка и на сите им го наметнуваат сопствениот авторитет. Поради нив се чувствувате непријатно на работното место. Дали тоа води до поголема продуктивност? Дали тоа е вистинскиот пристап?

Шеф месија

Можеби пак сте ја доживеале другата страна на приказната – шеф кој ги почитува вработените, знае како да го мотивира тимот, создава позитивно деловно опкружување за сите вработени и прави чуда во кризните ситуации. Таквите менаџери се секогаш позитивни и енергични, секогаш се однесуваат професионално, им покажуваат на вработените дека им се важни и ги ценат. Тие ги признаваат заслугите на другите, го препознаваат трудот и ги наградуваат исклучителните вработени. Во пракса ја применуваат идејата за флексибилност и им помагаат на вработените да го одржат балансот меѓу приватниот и деловниот живот.

Под вакво водство вработените често се мотивирани и продуктивни.

Пресуда

Продуктивноста е тесно поврзана со позитивното работното опкружување. Тоа вработените ги држи мотивирани и ангажирани. Затоа можеби попаметно е да бидете шеф кој својот тим на вработени го сака и цени, отколку оној од кој сите се плашат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП