29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLego создаде социјална мрежа за деца

Lego создаде социјална мрежа за деца

Lego-Life333

Познатата данска компанија The Lego Group која е лидер по производство на лего коцки, претстави социјална мрежа за деца на возраст од 5 до 13 години, која потполно ќе биде безбедна за нив.

Мрежата која се нарекува „Lego life“, донекаде наликува на Instagram и секако се „врти“ околу Лего коцките и креациите што од нив може да се направат.

На оваа мрежа децата, како аватар на својот профил, ќе можат да изработуваат фигури во Лего стил, да ги следат другите корисници, да лајкуваат, да коментираат и да споделуваат слики со останатите корисници.

Покрај ова, мрежата ќе организира и разни предизвици со кои децата ќе се поттикнуваат активно да се занимаваат со свите Лего сетови, а ќе се организираат и разни квизови и други забавни игри.

Социјалната мрежа „Lego life“ ќе се користи преку официјалните „iOS“ и „Andorid“ апликации, но за сега е достапна само во мал број на земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП