20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGenius X-G 500 за страсни гејмери

Genius X-G 500 за страсни гејмери

genius-x-500

Водечкиот производител за периферни уреди за компјутер, „Genius“ го претстави најновиот „глушец“ со ознаката „X-G500“ кој е наменет за страсните гејмери.

Овој исклучително гејмерски „глушец“ е погоден и за леваци и за деснаци, а и нуди резолуција од 500 до дури 2000 dpi, што им овозможува на играчите лесно движење и прецизна контрола во сите игри. Резолуцијата може да се прилагоди со копче кое се наоѓа на „глушецот“ и со тоа да се прилагоди на моменталната игра или ситуација. Брзината на реакцијата на овој уред изнесува една милисекунда.

Вградениот процесор и меморија спречуваат блокирање на „глушецот“ во текот на издавањето наредби за време на играње, а кабелот со должина од 1.8 метри осигурува стабилен пренос на сигнал. Играчите може да дефинираат различни профили за користење на овој „глушец“ во различни ситуации, а тие профили се чуваат во меморијата на самиот уред.

„X-G500“ е опремен со вграден тег со маса од 30 грама, а играчите може да го подесуваат и осветлувањето се со цел да направат атмосфера која им одговара.

„Глушецот“ е опремен со шест тастери, функциите на некои од тастерите се подесуваат според желбата, а играчот може да дефинира до 21 макро-функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП