28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ја објави цената на најтенкиот телевизор во светот (видео)

LG ја објави цената на најтенкиот телевизор во светот (видео)

teleshot3

Компанијата „LG“ конечно ја откри цената на својот тенок „Signature 4K OLED W“ телевизор.

Зa oвој 65-инчен уред со дебелина од 2,57 mm заинтересираните купувачи треба да издвојат „само“ 7.996 долари, a во понудата ќе биде и 77-инчен модел по цена од 19.996 долари.

Некој би рекол дека овие цени се оправдани, затоа што станува збор за најтенкиот телевизор во светот, кој го поддржува „HDR“ стандардот и е заснован на „WebOS 3.5“.

Доколку оваа цена ви е превисока, можете да купите некој од уредите на „LG“ од сериите „C“ и „E“, а најевтиниот чини 2.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП