24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone би бил поскап за 100 или 200 долари доколку се прави...

iPhone би бил поскап за 100 или 200 долари доколку се прави во САД

ajfi3

Apple, неговите добавувачи и компании кои се вклучени во склопувањето на iPhone телефонот, разговараат за изнаоѓање начини за производство на овие телефони во САД.

Сето ова доаѓа по големиот број на изјави на новиот претседател Доналд Трамп за овој проблем.

Проблемот на Apple е во тоа што за таков телефон ќе мора да плаќа многу повеќе на добавувачите чие седиште е во САД, а ќе мора да издвои повеќе пари и за компонентите, односно за работниците.

Тоа би го принудило технолошкиот гигант на едно од две решенија: или да ги зголемат цените со цел да ги задржи досегашните приходи, или ќе има помалку приходи од продажбата на телефонот.

Аналитичар на Волстрит Брајан Вајт, изјави дека гледа решение.

Вајт кој работи за компанијата Drexel Hamilton, вели дека Apple би требало да произведе специјална верзија на iPhone со назнака “Made in America”, но овој посебен модел ќе има и повисока цена за 100 или 200 долари, што ќе му овозможи на Apple да поврати некои од своите дополнителни трошоци. Вајт верува дека во Америка би постоел пазар за таков уред.

Доналд Трамп изјави дека ќе го зголеми данокот на стоки од странство за 45 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП