28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнува Galaxy Xcover 4

Наскоро пристигнува Galaxy Xcover 4

xcover4 model

Од кога беше претставен третиот модел во април во 2015-та, не видовме нов уред од серијата „Galaxy Xcover“. Од некоја причина „Sаmsung“ ги открива телефоните од оваа серија на секои две години.

Како што последниот „Galaxy Xcover“ модел стигна во април 2015-та, очекувам нов појачан „Samsung“ телефон во оваа година. „Samsung Galaxy Xcover 4“ штотуку го доби сертификатот „Wi-Fi Alliance“, па сега е малку поблиску до официјално претставување.

Непознатиот телефон на „Samsung“ со број на моделот „SM-G390F“ го доби „Wi-Fi“ сертификатот, а се верува дека тоа е „Xcover 4“ затоа што претходникот ја имаше ознаката „SM-G388F“. Еднинствената информација за карактеристиките на телефонот е онаа која моментално ја имаме, а тоа е дека ќе го користи оперативниот систем „Android 7.0 Nougat“.

Постои голема шанса „Samsung“ да го претстави моделот „Galaxy Xcover 4“ на Светскиот мобилен конгрес кој ќе се одржи во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП