29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја изразите вашата креативност на работното место

Како да ја изразите вашата креативност на работното место

Divisions-Workgroups1

Вашиот шеф ве повикал вас и останатите вработени на разговор со цел да го кажете своето мислење и да ги споделите идеите за подобрувањето на компaнијата во која работите? Имате креативнo решение, ама не знаете како да постапите? Се плашите да не бидете осудени, а не знаете ниту дали вашите колеги се согласуваат со вас? Прочитајте ги следните совети…

1. Не избрзувајте

Не говорете ништо се додека немате што конкретно да кажете. Слушајте го прво говорникот и оценете како реагираат другите. Не избрзувајте.

2. Внимателно слушајте

Слушајте прво што имаат другите да кажат. Особено слушајте ги последните реченици на соговорниците. Повеќе лица ќе ги сумираат своите мисли и во последната реченица ќе ја кажат суштината.

3. Верувајте во своите идеи

Не плашете се дека вашите идеи не се вредни. Обично тоа што прво ќе ви падне на памет е најдоброто решение.

4. Задоволете се себеси

Креативноста е задоволување на вашата сопствена љубопитност и овозможување на ваши лични решенија за секој проблем кој се наоѓа на патот. Ако го зборувате она што вие сметате дека другите сакаат да го слушнат се ограничувате себеси.

5. Секоја идеја е добра

Секоја идеја третирајте ја како добра. Дајте и на вашата идеја шанса. Бидете прецизни и точни кога говорите, и бидете што пократки во нејзиното претставување.

6. Претставете ја вашата идеја како изказ, не како прашање

Кажете го токму тоа што го мислите. Нагласувајте ги зборовите таму каде што е потребно.

7. Бидете отворени и за туѓите идеи

Ова е најважно. Мора да бидете отворени и за туѓите идеи, иако мислите дека вашата е подобра, сепак мнозинството ќе одучи за тоа, бидете фер и поддржете ја и туѓата идеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП