24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМалку поинакви стратегии на финансиски успешните луѓе

Малку поинакви стратегии на финансиски успешните луѓе

relationshipwithmoney1

На финансиски успешните луѓе денес генерално се гледа со сомнеж, и ги следи лоша репутација. Главно, за нив мислиме дека се збогатиле на сметка на сиромашните, што може да биде точно за одреден број од нив. Но, кај многумина од нив, успехот се должи на нивните способности. Она што ние не го гледаме е страста, напорната работа, грешките, паметното работење со парите, економичноста. Па, во што лежи нивната тајна?

1. Само позитивно

Се опкружуваат само со позитивни луѓе и не губат време на негативните чувства. Речиси 70 проценти од богатите луѓе дневно гледаат телевизија околу еден час и помалку, а само шест проценти од нив гледаат реални шоуа.

2. Жртвување

Во почетокот, во повеќето случаеви, многу се жртвувале. Но, успеале да заштедат и да ги инвестираат парите во нешто што ќе донесе пари. Некои од нив ги користат работите додека можат да бидат употребувани. Познато е дека милијардерот Ворен Бафет ги вози автомобилите додека тие се во состојба да се движат.

3. Не го трошат времето на жалење

Ако се случи нешто лошо, го менуваат курсот, ја прифаќаат поуката, учат на грешките, или се обидуваат новонастанатата ситуација да ја завртат во своја корист.

4. Враќањето на долговите и штедењето се приоритет

Се водат на изреката „долгот е зло“ и затоа внимаваат да не влегуваат во долгови, бидејќи тогаш се зависни од другите.

5. Не бараат виновник

Не ја обвинуваат државата или ситуацијата во економијата за својата ситуација, туку преземаат на себе потполна одговорност за своите одлуки.

6. Поставуваат долгорочни цели

Наместо да се фрлат само на заработка и на трошење на парите, тие прават финансиски планови и долгорочни цели, а потоа се држат до тие планови.

7. Не мислат дека знаат се

Дури 86 проценти од богатите луѓе сакаат да читаат и веруваат дека човекот учи додека е жив и веруваат дека секогаш има нешто да се научи. 88 проценти од нив секој ден одвојуваат по половина час за читање на образовен материјал или материјал поврзан за работата.

8. Креатори се

Имаат секогаш нови идеи кои би можеле да бидат корисни за општо добро. Не се занимаваат само со конзумирање на тоа што другите го произвеле и направиле.

9. Сеопфатни се

Прават многу повеќе отколку само да се појават во канцеларија, да ја завршат работата и да одат дома. Имаат широки интереси и си задаваат себеси социјални обврски. 44 проценти од нив стануваат три часа пред да им почне работното време.

10. Имаат потреба да создаваат

Повеќе ги радува самиот процес на создавање отколку самата количина на заработени пари. Парите не се нивен главен приоритет. Задоволството го извлекуваат од тоа да ги направат своите клиенти и партнери задоволни и среќни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП