23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови рекордни нивоа на индексите S&P 500 и Nasdaq

Нови рекордни нивоа на индексите S&P 500 и Nasdaq

gty_stock_exchange_friday_jc_150821_12x5_1600

На Волстрит во вторникот индексите S&P 500 и Nasdaq достигна нови рекордни нивоа бидејќи резултатите на компаниите беа подобри од очекуваното, додека претседателот на САД, Доналд Трамп започнува да ги реализира своите ветувања.

Dow Jones забележа скок од 0,57 отсто, на 19.912 бодови, додека S&P 500 скокна за 0,66 отсто, на 2.280 бодови, a Nasdaq индексот за 0,86 отсто, на 5.600 бодови.

Новите рекорди на S&P 500 и Nasdaq индексот се должат најмногу на силниот раст на цената на акциите во финансискиот, во просек од 1,2 отсто и во технолошкиот сектор за 1 отсто, по подобро од очекуваните квартални резултати од работењето на низа американски компании.

Така, на пример цената на Yahoo скокна за повеќе од 3 отсто, откако оваа интернет компанијата објави пораст на приходите и профитот над очекувањата од страна на аналитичарите.

По претходно објавените извештаи, аналитичарите проценуваа дека приходите на компаниите во составот на индексот S&P 500 во четвртиот квартал од минатата година ќе забележат раст од 6,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, што би биле најголеми приходи во последните три години.

Уште минатата недела очекуваа раст на приходите од 6,3 отсто.

Позитивно влијание на пазарот има и исполнувањата на ветеното на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Иако сеуште не е излезен со детали во врска со планираните даночни намалувања и зголемување на фискалната потрошувачка, Трамп направи некои други потези кои ја покажуваат неговата намера дека сака да го спроведе она што го вети за време на изборната кампања.

Вчера тој го потпиша договорот за продолжување на изградба на два нафтоводи за проширување на енергетската инфраструктура, не обрнувајќи внимание на штетите по животната средина, поради кои поранешниот претседател Барак Обама ги стопираше овие проекти.

Трамп вчера се сретна со лидерите на трите најголеми американски производители на автомобили за да ги убеди што повеќе да произведуваат и вработуваат во САД. Цените на акциите на GM, Ford и Fiat Chrysler забележаа раст помеѓу 1 и 5,8 отсто.

“Трамп прави многу од она што тој вети дека ќе направи. Покрај тоа, резултатите од работата на компаниите се многу добри, тогаш зошто цените на акциите не би достигнале повисоко ниво”, изјави Џо Салузи, директор на фирмата Themis Trading.

Силно, во просек од 2,5 отсто, вчера порасна и цените на акциите во рударскиот сектор, што се должи благодарение на зголемувањето на цените на суровините по падот на вредноста на доларот.

И на повеќето европски берзи вчера акциите забележаа пораст. Франкфуртскиот DAX зајакна за 0,43 отсто, на 11.594 бодови, a парискиот CAC за 0,18 отсто, на 4.830 бодови. Лондонскиот FTSE индекс забележа пад од 0,01 отсто, на 7.150 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП