19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG најави флeксибилни екрани

LG најави флeксибилни екрани

ekranssi

„Samsung“ и „LG Electronics“ веќе неколку години најавуваат флексибилни екрани, но досега ниту еден не се најде на пазарот. Сепак од „LG“ соопштија дека новиот уред со флексибилен екран ќе го претстават до крајот на годината.

Се уште не е познато дали најавуваниот „Optimus G2“ ќе има флексибилен екран, но се знае дека неговото претставување е закажано за наесен.

Можно ли е дека „LG“ се обидува да го престигне „Samsung“ и пред јужнокорејскиот гигант да го презентира флексибилниот екран.

Сепак се „шушка“ дека и „Samsung“ забрзано работи на таканаречениот „OLED“ екран, а прототипот на телефонот беше претставен на годинешниот саем за електроника.

Инаку во периодот од јануари до март оваа година „LG“ испорача 10.3 милиони паметни телефони што претставува рекорд за оваа компанија од кога започна да произведува паметни уреди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП