19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите претпазливи, пад на акциите на Волстрит

Инвеститорите претпазливи, пад на акциите на Волстрит

image-volstrit

На Wall Streetu ценитена акциите забележаа пад, бидејќи инвеститорите се внимателни по протекционистичката најава на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Dow Jones забележа пад од 0,14 отсто, на 19.799 бодови, додека S&P 500 склизна за 0,27 отсто, на 2.265 бодови, a Nasdaq индексот за 0,04 отсто, на 5.552 бодови.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи Доналд Трамп во првите денови во Белата куќа потпиша указ за повлекување на САД од Договорот за Транс-Пацифик партнерство (ТРР) за трговија со 12 земји, кои меѓу другото, го потпишаа и Јапонија и Австралија.

Исто така, Трамп најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Канада и Мексико, за почетокот на нови преговори за НАФТА, Северноамериканскиот договор за слободна трговија.

“Инвеститорите се обидуваат да дознаат какво ќе биде влијанието на пристапот на Трамп во трговијата, економијата и даноците”, вели Питер Кени, стратег на фирмата Global Markets Advisory Group.

Од 8.ноември, кога Трамп победи на изборите, пазарот забележа раст благодарение на неговите најави за намалување на даноците и зголемување на фискалната потрошувачка, која треба да го забрза растот на американската економија.

Но, во последните неколку недели пазарот изгуби на интензитет, меѓу другото, и поради тоа што Трамп не објави детали за неговите планови, но најави протекционистичка политика, што би можело да има негативно да влијание на глобалната трговија.

Најголем пад вчера забележаа цените на акциите и тоа за 1,1 отсто, во енергетскиот сектор, како резултат на падот на цената на нафтата.

Во недела, членовите на ОПЕК а и некои кои не се членови на тој картел заклучија дека договореното намалување на производството успешно се спроведува, што би требало да доведе до рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката и да ја подржи цената. Но, од друга страна, производството во САД е во пораст, па инвеститорите се плашат дека тоа ќе го намали или поништи влијанието на намаленото производството на ОПЕК.

И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот FTSE индекс забележа пад од 0,66 отсто, на 7.151 бодови, додека франкфуртскиот DAX склизна за 0,73 отсто, на 11.545 бодови, а парискиот CAC за 0,60 отсто, на 4.821 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП