19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃорѓија Џорџ Атанасоски на инаугурацијата на Доналд Трамп

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на инаугурацијата на Доналд Трамп

gg

По повод инаугурацијата на Доналд Трамп за нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Македонската Алијанса ја соопштува следната вест:

Вчера, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја имаше честа да биде дел од свечената инаугурација на новиот, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Неговото присуство на овој исклучителен настан во поновата Американска историја, е своевидно признание за придонесот кој тој го имаше во кампањата и победата на новиот Претседател на САД.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, од денес натаму со несмален интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ.

Со стапување на должноста на Доналд Трамп, за Македонија се отвораат уште поголеми можности и перспективи да го зајакне своето стратешко сојузништво со Соединетите Американски Држави.

dj

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП