19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на државните патишта без застои и забрани

Сообраќајот на државните патишта без застои и забрани

sneg patista 35

Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои и забрани, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Магла со видливост до 100 метри има во Кочани.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП