19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple се впушти во судска битка со Qualcomm

Apple се впушти во судска битка со Qualcomm

ap snap22

Американската технолошка компанија „Apple“ поднесе тужба од 1 милијарда долари против „Qualcomm“, само неколку дена откако американската влада го обвини производителот на чипови во користењето на превентивни тактики на конкуренцијата за да го задржи монополот на клучните чипови за мобилни телефони, пренесува „Ројтерс“.

„Qualcomm“ е основен доставувач на „Apple“ и „Samsung Electronics“, снабдувајќи ги со „модерни“ чипови кои ги поврзуваат смартфоните со безжични мрежи. Двете компании заедно донесоа околу 40% од приходите на „Qualcomm“ во износ од 23,5 милијарди долари во последната фискална година.

Во тужбата на Американскиот окружен суд во Калифорнија, „Apple“ го обвинува „Qualcomm“ за тоа што сакала премногу високи цени за чиповите, како и дека одбила да плати 1 милијарда долари ветени попусти.

„Ако тоа не е доволно, тогаш „Qualcomm“ ќе се обиде да ја изнуди „Apple“ да ги промени своите одговори и да обезбеди информации од „KFTC“ во замена за добивање на предвидените плаќања. „Apple“ одби“, вели американската технолошка компанија.

Во изјавата главниот советник на „Qualcomm“, Дон Розенберг ги нарече обвинувањата на „Apple“ како „неосновани“.

Според него „Apple“ активно ги промовира регулаторните напади врз бизнисот на „Qualcomm“ на различни места во светот.

„Ја поздравуваме можноста овие недостојни тврдења да бидат сослушани во судот, каде што ќе се дојде до целосно обелоденување на практиките на „Applе““, коментира уште Розенберг.

Акциите на „Qualcomm“ ја намалија својата вредност со 2,4% до 62,88 долари по објавувањето на веста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП