19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскaта продажба на мало се намали со најбрзо темпо од пред 5...

Британскaта продажба на мало се намали со најбрзо темпо од пред 5 години

kolicka 3303

Британската продажба на мало се намали со најбрза стапка од речиси пред пет години во декември, откако корисниците купувале помалку од се – од домаќинството до облека и храна, пишува „Bloomberg“.

Волуменот на стоките продадени во физички продавници и онлајн, се намалил за 1,9% во однос на ноември, изјави Националната статистичка служба во петокот. Тоа е најголем пад од април 2012-та година и е многу повисок од очекуваниот од економистите од 0,1%. Продажбата без автомобилските горива се намалила за 2%.

Падот може да се објасни со неколку причини, вклучувајќи ги зголемувањето на цените и намалувањето на набавките од корисниците, откако ги искористиле намалувањата околу „Црниот петок“ во претходниот месец, велат од статистичката служба. Четвртиот квартал како целина забележа раст на продажбата од 1,2%, што значи дека секторот придонесе со 0,1 процентен поен за бруто домашниот производ.

Корисниците досега ги избегнуваа „ударите“ од гласањето за „Brexit“, но сега се соочуваат со притисок поради побрзата инфлација. Цените на стоките на мало, продадени во декември се зголемени за 0,9% на годишна основа – најголемиот раст од пред три години. Без горивата тие се зголемија за 0,1%, што е првото зголемување од 2014-та година.

Продажба на стоки за домаќинството се намалиле со 7,3% во декември, што е најголем пад од јануари 2010-та година. Од облеката и обувките биле продадени за 3,7% помалку – најголемото намалување од пред една година , а продажбата во трговските центри исто така е намалена за 1,2%. Храната оствари за 0,5% послаба продажба, а горивата за 1,1%.

Вкупната продажба на мало се зголемила за 4,3% во однос на истиот период од претходната година, објави уште статистичката служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП