20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа градските улици и булевари се фрлени 60 тони сол

На градските улици и булевари се фрлени 60 тони сол

ulici skopje33

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 7 часот сабајле фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.

Екипите на зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.

Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, додаваат од Град Скопје.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП