28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција го поништи договорот со Македонија за меѓусебно признавање на дипломите

Турција го поништи договорот со Македонија за меѓусебно признавање на дипломите

88ad95771db7487878af0797d054e038

Турција го поништи договорот со Македонија во областа на образованието за меѓусебно признавање на дипломите. Документ кој го обезбеди Алсат М телевизија е одобрен на 12 декември минатата година на предлог на Министерството за надворешни работи на Турција од 22 ноември 2016 година.

Одлуката која веќе е објавена и во Службениот весник на Турција се однесува на договорот постигнат меѓу двете земји на 6 јули 1998 година, со кој Турција и Македонија воспоставија признавање на дипломите на сите нивоа на средно и високо образование. Одлуката на турските власти е потпишана од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и стапува на сила на 11 февруари 2017 година и со ова се враќа ситуацијата од пред 1998 година кога двете земји не ги признаваа дипломите во образованието.

„Договорот потпишан на 6 јули 1998 година во Скопје, меѓу Република Турција и Република Македонија со број 98/11600, кој стапи на сила на 12 јули 1998 година во врска со признавање на дипломите за средни образованија, високи образованија, магистерски и докторати, од денот 11 февруари, 2017, се УКИНУВА. Врз основа на предметот со протоколарен број 11494949, од 22 ноември 2016 година на Министерството за надворешни работи и според Законот 244, член 3, со датум 31 мај 1963 година, оваа одлука е донесена на состанокот на Советот на министрите на 12 декември 2016 година“, гласи одлуката на Турција, пренесува Алсат М.

Властите во Скопје велат дека не се официјално информирани за одлуката на своите колеги од Анкара. Алсат М контактираше со министерот за образование, Пиштар Љутфиу, кој рече дека не верува дека има причина за раскинување на договорот. Остануваат нејасни причините за острата одлука на турската влада во време кога односите меѓу двете земји имаат тензии поради турското барање за затворање на училиштата и фондациите поддржани од проповедникот Фетулах Ѓулен. Македонските власти го земаа на разгледување барањето, но не донесоа конкретна одлука за училиштата „Јахја Кемал“ во Македонија, бидејќи тие заклучија дека работат во согласност со Законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП