29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазделбата на Procter & Gamble со некои марки го поддржи профитот на...

Разделбата на Procter & Gamble со некои марки го поддржи профитот на компанијата

pgamble33

„Procter & Gamble“, производителот на прашокот за перење „Tide“ и на „Pampers“, забележа подобри од очекувањата продажба и профит за кварталот, поддржани од побарувачката на производи за здравствена нега.

Акциите на компанијата која ја зголеми прогнозата за растот на органската продажба за 2017-та година, поскапеа со 2% пред отворањето на пазарот во петокот.

„P & G“ се раздели со непрофитабилните брендови и се фокусираше на основните брендови, вклучувајќи ги „Tide“ и „Gillette“, за да ја зголеми својата продажба. Компанијата продаде 41 од брендовите во минатата година, вклучувајќи ги „Clairol“ и „COVERGIRL“, на „Coty“ за 12,5 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Синсинати, Охајо изјави дека главната добивка по акција, која ги исклучува трошоците за реструктуирање и други ефекти, била 1,08 долари по акција во вториот квартал, кој заврши на 31-ви декември.

Аналитичарите очекуваа профит од 1,06 долари по акција, посочува „Thomson Reuters“.

Нето профит е зголемен до 7,88 милијарди долари, или 2,88 долари по акција, од 3,31 милијарди долари, или 1,12 долари по акција, во претходната година. Последниот квартал вклучува добивка од прекинати активности, вклучувајќи ги брендовите продадени на „Coty“.

Нето продажбата од 16,85 милијарди долари е малку над оценките на „Wall Street“ за 16,77 милијарди долари.

„Посилно претставување на приходите во првата половина на фискалната година ни овозможува да ги зголемиме изгледите за растот на органската продажба за целата година“, рече извршниот директор Дејвид Тејлор во соопштението.

„P & G“ вели дека очекува органската продажба да се зголеми за 2% до 3% во однос на претходната прогноза за околу 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП