29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија најави зголемување на минималната плата

Словенија најави зголемување на минималната плата

156001383958825e0a8cd80455262820_w640

Владата на Словенија предложи износот на минималната плата во 2017 година да се зголеми на 630 од досегашните 604,35 евра.

Сепак, овој предлог предизвика противење од работодавците, но и некои министри.

Според усогласувањето на минималната плата со порастот на животните трошоци во минатата година, таа би можела да порасне за само 0,5 проценти, но министерката за труд и социјална политика Ања Копач Мрак е подготвена да одобри поголемо зголемување бидејќи минималните плати се причина за големото незадоволство меѓу синдикатите и работниците кои ги примаат, а такви се речиси 50.000 лица.

Против толкавото зголемување на минималната плата се изјасни министерот за економија Здравко Почивалшек, според чија оценка така дополнително ќе опадне конкурентноста на словенечката економија, а уште поостро реагираа работодавците преку нивните комори-здруженија.

Според нивната оценка, Словенија поради постојаните притисоци за раст на минималната плата од појавата на економската криза загубила 7 илјади веќе постоечки работни места, а загубени се и дополнителни десетина илјади работни места, колку што работодавците можеле да отворат доколку не дошло до зголемување на минималната плата, бидејќи работодавците и без тоа имаат големи давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП