25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany & Co. одамна го чувствува присуството на Трамп

Tiffany & Co. одамна го чувствува присуството на Трамп

tiffany

Комапнијата Tiffany & Co. се пожали дека „камперите“ кои го следат Доналд Трамп лошо влијаат на продажбата на накит.

Полициските огради, демонстрантите и љубопитните медиуми кои „кампуваат“ пред Трамп кулата во Њујорк од претседателските избори, неповолно влијаат на продажбата во продавницата на „Tiffany & Co.“ која се наоѓа во непосредна близина, на Петтата авенија, соопшти овој американски производител на луксузен накит.

Продажбата во бутикот на Петтата авенија опадна за 14 проценти во периодот меѓу ноември и декември, а негативниот тренд може делумно да се препише на постизборните прекини во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Компанијата „Tiffany & Co.“ се наоѓа под притисок поради падот на куповната моќ на американските потрошувачи, што доведе до пад на продажбата од четири проценти на територијата на цела Америка.

Сепак, можеби Меланија Трамп ќе ја зголеми побарувачката за нивниот накит, бидејќи како подарок на сега веќе поранешната прва дама на САД, и донесе кутија од „Tiffany & Co.“ брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП