20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнаугурацијата на Трамп не влијаеше на динамиката на растот на цените на...

Инаугурацијата на Трамп не влијаеше на динамиката на растот на цените на нафтата

nafta666

Цените на нафтата на светските пазари продолжија да растат во петокот, без промена во динамиката во атмосферата на очекувањата на вложувачите од насоките од инаугуративниот говор на новиот американски претседател Доналд Трамп, како и очекувањата дека главните произведувачите на претстојниот состанок ќе ја потврдат определбата за намалување на снабдувањето што во втор план ја потисна скокот на американските резервите и наоѓалишта.

На лондонскиот пазар во петокот вечерта цените на мартовските испораки на северноморската мешавина од типот Brent скокна за 2,25 отсто, на 55,38 долари за барел. На американската берза, пак, мартовските испораки скокна за 2,15 отсто, на 53,24 долари за барел. Притоа, цените на нафтата немаа значителна промена во текот на инаугурацијата на 45-от американски претседател.

Во својот говор на инаугурацијата Трамп изјави дека Американците почнуваат да ја обноват својата земја. Порача дека САД ќе ги направи одново силни, богати, горди, безбедни и големи, а спротивностите во американското општество ќе бидат надминати. Трамп, исто така, вети заштита на американските работни места при склучувањето на меѓународните договори…

Според програмата на новата администрација во Белата куќа, САД имаат намера да остварат енергетска независност од Организацијата на за земјите извознички на нафта (OPEC), да ја намалат регулативата во енергетиката и да изведат „револуција“ во производството на јаглеводороди во СAД, вклучително и производството на нафта од шкрилци.

Во вториот план во петокот беа потиснати податоците за скокот на резервите од сирова нафта минатата седмица, за 2,3 милиони барели, имајќи предвид дека рафинериите остро ја забавија преработката, а залихите од бензини скокнале поради слабата побарувачка, покажуваат податоците на владата во Вашингтон, аналитичарите очекуваа значително поскромно зголемување, за 342.000 барели.

Податоците, исто така, покажаа неочекувано голем раст на резервите од бензина на источниот брег на САД, на рекордно ниво за овој период од годината. Оваа област, инаку, бележи најсилна побарувачка на бензини во САД.

Во меѓувреме, американската приватна компанија за процена на резервите од енергенси „ Baker Hughes“ во петокот објави дека податоците на крајот од работната седмица на 20-ти јануари покажуваат дека бројот на бушотините во САД се зголемил за 35, или за 5,3 отсто, на 694. На годишно ниво овој показател се зголемил за 57 бушотини, односно за 8,9 отсто. Бројот на единиците за црпење нафта се зголемило за 29, или за 5,55 отсто, на 551, а за гасот за шест, или за 44,1 отсто, или 142 единци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП