18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG откри кога ќе пристигне G6

LG откри кога ќе пристигне G6

lg6 00

Mодуларниот „LG G5“ не беше толку голем хит поради што корејскиот гигант одлучи да се врати на проверениот дизајн, па би требало „G6“ да биде класичен уред.

Сега пристигна потврда дека новиот уред ќе биде претставен на 26-ти февруари, ден пред стартот на саемот во Барселона. Покрај тоа, „G6“ би требало да се најде во продажба пред „Galaxy S8“, што на корејската компанија би требало да и овозможи да зграби поголем дел од пазарот.

lg6 01

Но, тоа што многумина ги интересира како ќе изгледа телефонот. Производителот на заштитни куќишта „Ghostek“ на своите станици објави фотографии од првото куќиште за „G6“, кое го прикажува и телефонот. Од нив може да е види дека се продолжува дизајнерскиот правец на претходникот, но и дека телефонот би требало да биде значително тенок. Нормално, се уште нема потврда дали „Ghostek“ ги доби вистинските фотографии или се навистина толку добри во дизајнирањето од сите гласини кои се појавија, но ова е досега најдобриот поглед на телефонот.

„G6“ во секој случај би требало да има 5,7-инчен екран со висока резолуција (2880×1440) кој ќе биде водоотпорен. Уредот ќе го има новиот „Snapdragon 835“ со 4 GB RAM, пренесува „GSM Arena“.

lg6 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП