28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo XC40 ќе дебитира во април?

Volvo XC40 ќе дебитира во април?

40xc

„Volvo“ планира на саемот во Шангај да го претстави „XC40“ – компактниот кросовер кој ќе ја „открива“ палетата на возила со зголемена проодност на шведската компанија со кинески сопственици. Информацијата е на „Car News China“, но изданието не цитира извор од „Volvo“.

Визуелно, „XC40“ ќе биде близок до дизајнот, демонстриран од концептот „40.1“, кој дебитираше минатата година во Гетеборг, но сепак ќе изгледа конзервативно.

„XC40“ ќе биде изграден врз новата платформа на „Volvo CMA“ (Compact Modular Architecture), која во блиска иднина ќе се користи при уште неколку компактни модели на брендот, како и кај неколку возила на „Geely“.

Моделот ќе дебитира со новиот 1,5-литарски 3-цилиндричен турбо мотор на „Volvo“, а во палетата ќе има верзии со 4-цилиндричен мотор и со хибриден погон. За Европа ќе има и барем еден дизел мотор. Стандардниот моделот ќе се нуди со преден погон, а погонот 4х4 ќе се порачува дополнително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП