25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИстражувањата покажаа: Грав треба да јадеме секој ден!

Истражувањата покажаа: Грав треба да јадеме секој ден!

corbasti-pasulj-shutterstock-1439292213-65252

Секојдневната консумација на варен грав е поврзана со ниската концентрација на таканаречениот лош (LDL) холестерол во крвта, а ист ефект имаат и леќата и грашокот.

Канадските научници врз основа на следењето на 1.037 испитаници пресметале дека секојдневното консумирање на варен грав или други мешунки може да се поврзе со пет проценти помала концентрација на LDL холестеролот во крвта.

Учесниците во истражувањето на оваа исхрана се придржувале во просек по шест недели, а количината на мешунки која ја консумирале била скромна: околу три четвртини од шолја.

Повеќето испитаници биле на средна животна старост, со просек од 51 година, а мешунките во поглед на контролата на лошиот холестерол биле малку поефикасни кај мажите.

Истражувачите објаснуваат дека зголемениот удел на гравот и другите мешунки во исхраната резултира со намалување на консумацијата на намирници со поголема количина на масти или висок гликемиски индекс.

Покрај тоа, мешунките се добар извор на влакна, протеини од растително потекло, витамини и минерали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП