На берзата во Лондон започна да се тргува и со акциите на „Bank of Cyprus”, соопштија од најголемата кипарска банка, при што понудени се повеќе од 446 милиони акции, по поединечна цена од 0,10 евра.
Во соопштението на кипарската банка стои дека берзанската понуда ќе ја подобри ликвидноста на акциите на банката и ќе привлече долгорочни инвеститори, истовремено ќе ја зголеми и довербата на акционерите.
Понудата на берзата доаѓа само по две недели откако банката во целост отпалти 11,4 милијарди евра, добиени од кипарските партнери од еврозоната, со цел да ја зачува ликвидноста за време на банкарската криза во 2013 година.
Јозеф Акерман, претседателот на „Bank of Cyprus Grоup”овој потег го нарече „стратешки чекор за со цел да се постигне финансиско јакнење на Банката”.