28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft одговори на повикот на Трамп за работните места во САД

Microsoft одговори на повикот на Трамп за работните места во САД

Microsoft CEO Nadella addresses the media during an event in New Delhi

Директорот на Microsoft Сатја Надела му одговори на новоизбраниот преседател на САД, Доналд Трамп во врска со повикот до локалните компании за задржување на работата во таа земја.

Тој порача дека софтверска компанија би можела да ја продолжи својата визија без никакво влијание на домашната работна сила. Говорејќи на DLD технолошката конференција во Минхен, Надела објасни дека Microsoft е веќе еден од најголемите работодавци во САД, па така нема потреба да се грижат поради промените кои Трамп вети дека ќе ги воведе.

„Ние сме компанија со седиште во САД која вработува во целиот свет, а нашата доминантна вработеност е токму во САД. Ние веќе создадовме голем број на високо платени работни места во САД. Ако ништо друго, допринесуваме за она што секогаш сме го сметале за цел, а тоа е да бидеме одговорна американска компанија која одговорно работи во САД, но исто така и мултинационална компанија, која придонесува за секоја земја во која работи “, вели Надела.

Во серијата твитови кои Трамп ги постави на 15-ти јануари, тој ја повтори својата намера во врска со убедувањето на американските компании да ги задржат своите работни места во земјата и помалку да се фокусираат на странските активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП