18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse ќе плати 5,3 милијарди долари поради хипотекарните кредити во САД

Credit Suisse ќе плати 5,3 милијарди долари поради хипотекарните кредити во САД

csvis333

Швајцарската банка „Credit Suisse“ се согласи официјално да исплати 5,3 милијарди долари за вонсудско решение со американските власти.

Тоа беше постигнато по жалбите за обвинувањето на втората по големина швајцарска банка за манипулација на инвеститорите во хартии од вредност, загарантирани со станбени хипотеки, пред финансиската криза од 2008-та година. Ова го соопшти Министерството за правда на САД, цитирано од „Ројтерс“.

„Credit Suisse“, чија централа е во Цирих, ќе плати казна од 2,48 милијарди долари во готово плус 2,8 милијарди долари отштета за клиенти.

Пораката за принципиелен договор беше направена уште на 23-ти декември минатата година.

Од истата шема и германската „Deutsche Bank“ се договори конечно со министерство за правда на САД да плати вкупно 7,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП