20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо најава е шести увоз на струја во овој месец

Во најава е шести увоз на струја во овој месец

poeftina-struja

Сите електроенергетски капацитети во Македонија се во лоша состојба и не можат да произведат доволно струја за да се покријат домашните потрошувачи. Поради оваа причина Македонија интензивно увезува струја, од Божиќ до денес, потрошени се 4,2 милиони евра за вкупно пет увезувања, а веќе е закажано и шестото за овој месец.

Хидроцентралите и термоцентралите во Македонија би имале капацитет да ги задоволат сите овие потреби, но со оглед на тоа дека дел од акумулациите се замрзнати, нема доволно залихи на јаглен, а дел се расипани, тие не се во можност да ја обезбедат доволната количина на струја.

Се очекува новата набавка на струја да чини 1,5 милиони евра со што ќе се достигне потрошувачка од шест милиони евра за неполн месец. Во Македонија се потребни нови термоенергетски капацитети, бидејќи земјата всушност, има енергетски потенцијал, но не постојат објекти преку кои што таа струја би дошла до домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП