25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕврејски организации поднесоа барање oд 3 милијарди долари против Deutsche Bank

Еврејски организации поднесоа барање oд 3 милијарди долари против Deutsche Bank

bankde2

Германската Deutsche Bank се соочува со нова постапка од неколку милијарди – овој пат од еврејски организации, информира списание „Шпигел“.

Организациите поднеле барање од 3 милијарди долари пред суд во Флорида за наследството на фракфуртското семејство Вертхајм.

Случајот со кој се занимава и германски суд, е сложен.

Еврејското семејство Вертхајм чии берлински роднини се поврзани со познатиот луксузен магазин „КаДеВе“, акумулира богатство во 19-тиот век од продажба на машини за шиење. Тие успеваат навреме да ја напуштат Германија пред доаѓањето на власт на нацистите и да се преселат во Шпанија. Тогаш според барањето тие ги користат услугите на швајцарската банка „Credit Suisse“, против која исто така е поднесена тужба.

Пред неговата смрт во 1990-та година последниот наследник на семејството го пренесува своето богатство на пријателска брачна двојка, која и покрај долгогодишните напори не успеа да добие ништо од парите и во 2012-та година го предава правото на германскиот бизнисмен Тим Фур.

Тој тврди дека поранешниот шеф на „Deutsche Bank“ во Шпанија на почетокот на 90-тите се претставил како конфигурација на семејството Вертхајм и го префрлил богатството во Женева, каде трагите на парите се губат. Врз основа на постари белешки Фур ја дефинира денешната вредност на изгубените средства на 3 милијарди долари.

Самиот Фур не го поднел барањето за парите во свое име, туку во името на еврејската образовна организација на која префрлил дел од правото на наследување.

„Deutsche Bank“ го отфрла барањето како неосновано, а од „Credit Suisse“ одбиваат да дадат коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП