25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми со Исланд, ракометарите во осминафиналето против Норвешка

Реми со Исланд, ракометарите во осминафиналето против Норвешка

manaskov

Македонската ракометна репрезентација првата фаза од 25-то Светско првенство ја заврши на третото место во Б групата, откако во последното коло ремизираше со Исланд 27:27 (13:15). Противник на Македонија во осминафиналето ќе биде Норвешка која заврши на второто место во А групата.

Македонските ракометари против Исланд одиграа натпревар кој многу наликуваше на оној кој го одиграа против Тунис во првото коло, откако се вратија во натпреварот по негатива од пет голови. Ремиот против Исланд е рамно на победа, бидејќи Македонија во осминафиналето го избегна дуелот со Франција.

Она што го загрижува стручниот штаб се повредите на Миркуловски и Манасков кои не го завршија натпреварот.

Македонија добро почна, постигна четири гола, а одбраната не дозволи на почетокот да биде совладаn одличниот Колев. Серијата грешки, кои беа еден вид на лајт мотив на Македoнија на оваа средба, му дозволија на Исланд најпрвин во интервал од две минути да израмни на 4:4, а во средишницата на првиот дел и да создаде предност од три гола (6:9).

До крајот на полувремето македонските ракометари четири пати се доближија на гол негатива (10:11, 11:12, 12:13, 13:14) но Исланд на паузата замина со два гола повеќе (13:15).

Вториот дел започна лошо за селекцијата која ја предводи Лино Червар, одново со техничките грешки ракометарите на своите противници им овозможи да постигнат неколку леснi голови и да ја создадат најголемата предност од пет гола (15:20).

Во последната третина од натпреварот Македонија се консолидира, заигра многу подобро, Колев фати неколку топки и во 56.минута Македонија најпрвин израмни на 25:25, а веднаш потоа Лазаров погоди за водство 26:25.

До крајот Талески постигна гол за Македонија, додека Исланѓаните два пати го совлада Колев, кој на крајот беше меч винерот бидејќи го одбрани последниот обид на Канарсон.

Колев мечот го заврши со 13 одбрани, а стрелците ги предводеа Лазаров со седум, Георгиевски со шест и Манасков со пет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП