25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА размислува за промени во фудбалот – укинување на офсајдот, на жолтите...

ФИФА размислува за промени во фудбалот – укинување на офсајдот, на жолтите картони, пенали како во хокеј…

van-basten-696x522

Марко Ван Бастен во своето последно интервју за Bild шокираше поголем дел од вљубениците во фудбалот. Имено, холандската легенда, кој денеска е прв човек на ФИФА задолжен за технолошки развој на фудбалот, најави големи промени.

ФИФА веќе го прошири Светското првенство од 32 на 48 репрезентации и со тоа згрози многумина, а сега Ван Бастен наведе осум нови можни промени.

„Фудбалот е сѐ повеќе како ракометот. Многу ме интересира како фудбалот би изгледал без офсајд. Денес целата екипа заедно се брани, а тогаш противниците имаат малку простор за создавање на шанси. Клубовите најмногу прво размислуваат за одбраната, а без офсајд би имале голем проблем. Фудбалот без офсајд би станал поинтересен, би имало повеќе голови, а тоа навивачите го сакаат“, вели Ван Бастен.

Понатаму најавува наместо продолженија при нерешен резултат, веднаш да се изведуваат пенали, но не од 11 метри.

„Играчите од 25 метри би тргнале сами кон голманот, а за постигнување на гол би имале осум секунди. Би останале по петте обиди, како што е и сега“, додава Ван Бастен.

Според него, тоа е многу поспектакуларно за гледачите, но и за фудбалерите.

„Имаме повеќе опции – дриблинг, удар, а би им било полесно и на голманите“, рече Ван Бастен за начинот на кој пеналите порано се изведува во американската МЛС лига.

Наместо жолт картон, фудбалерот би минал извесен период надвор од игра.

„Тоа би ги плашело играчите, бидејќи на сите им е добро јасно колку е тешко да се одбраниш со фудбалер помалку. А замислете да треба тоа да го правите во еден момент со два или три играча помалку“.

Правилото што ФИФА планира да го примени од рагбито, е само капитенот на тимот да може да разговара со судијата, со цел тие да бидат заштитени од вербални дуели со останатите играчи.

Правилото што ФИФА планира да го позајми од кошарката е она кога играчите со пет лични грешки го напуштаат натпреварот.

„Имам идеја еден фудбалер, како и во кошарката, да може за време на натпреварот да направи пет прекршоци. По петтиот тој ќе мора да ја напушти играта“.

„Заради квалитетот на фудбалот, бројот на натпревари мора да се намали од потенцијали 80 на максимално 50 до 55 по сезона“, рече Ван Бастен и потсети дека во Шпанија најдобрите клубови можат да одиграат дури 67 натпревари. А каде се тука мечевите за репрезентација и пријателските…“, прашува Ван Бастен.

Тој најави дека во случај на продолженија, би се вовеле една до две дополнителни замени.

Многумина ги нервира и трошењето на времето во последните минути од натпреварот. Ван Бастен има решение и за тоа – од 80 минута на мечот топката не би смеела да биде надвор од игра подолго од 10 секунди.

„Гледачите сакат повеќе акција, повеќе голови и поголема борба меѓу клубовите. Долгите замени, уште подолгите прекини и излежување на фудбалерите премногу го расипуваат фудбалот. Многу време губиме на тие работи“, подвлекува Ван Бастен во интервјуто за Bild.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП