29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски телевизии: Сител со најмногу гледачи, МРТ со најмногу вработени

Македонски телевизии: Сител со најмногу гледачи, МРТ со најмногу вработени

mtelevizii 00

Сител повторно има најголема гледаност, а МРТ и натаму има најмногу вработени, македонските телевизии најчесто емитуваат играна, а најретко културна програма. Ова го покажува споредбената анализа на најновите податоци од Агенцијата за медиуми (АВМУ) и Државниот завод за статистика (ДЗС).

Сител на прво, МТВ1 на последно место по гледаноста

mtelevizii 01

Сител е на прво, а МТВ1 на последно место според гледаноста на националните телевизии. Ова го покажува најновото истражување на Агенцијата за медиуми (АВМУ) кое се однесува на цела 2016-та.

38% од граѓаните се изјасниле дека барем еднаш во текот на денот го вклучуваат телевизорот на Сител. Следат Канал 5 со 33%, Телма со 19%, Алсат со 16%, Алфа со 14%, и МТВ1 со 11%.

24 Вести има гледаност од 12%, најголема меѓу телевизиите кои емитуваат преку сателит и кабелска мрежа. Далеку зад нив се Сител 3 со рејтинг од 3.7%, ТВ 21 со 3.4%, Канал 5 Плус со 3.1%, ТВ Нова со 2.9%, Шења со 2.8% и Наша ТВ со 2.5% просечна дневна гледаност во минатата година.

Од странските телевизии кои се достапни преку кабелска најгледан е Discovery, 7.9% од Македонците барем еднаш во текот на денот го вклучуваат овој канал. Зад него е Sport Club со 5.6%, па Fox со 5%, Fox Life со 3.8%, National Geographic со 3.3%.

На прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија“ позитивно се изјасниле 75.4% од анкетираните, а негативно 24.6%.

Речиси половина од населението или 47,6% телевизискиот сигнал го добива преку некој од кабелските оператори, потоа следува Max TV со 28%, Boom TV со 9,7%, обична антена без месечна претплата 6.5% и сателитски приклучок кај 4.9% од населението. Минимален дел од населението – 0,5% не поседува телевизор во домот.

Истражувањето на јавното мислење се однесува на цела 2016-та година и е спроведено на примерок од 9.600 испитаници, репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и националност.

Најмногу играна, најмалку културна програма

mtelevizii 02

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2015-та МРТВ на своите три канали емитувала 20.712 часови програма или во просек по 57 часа на ден. 10-те приватни телевизии кои зрачат на државно ниво во истиот период емитувале 85.121 час програма на ден или во просек секоја од нив по 23.3 часа. Податоците укажуваат дека на македонските телевизии има најмногу играна, а најмалку културна програма.

Така МРТВ во просек емитувала по 7 часа и 18 минути филмови и серии, по 7 часа музика, по 5 часа и 15 минути забавни емисии, нешто над 3 часа спортски. За вести биле одвоени по 6 часа и 12 минути на ден. Реклами имало по 8 минути на ден.

Состојбата кај приватните телевизии е малку поинаква. Тие во просек прикажувале по шест и пол часа филмови и серии, еден час и 18 минути вести. Забавни емисии имало речиси 2 часа секој ден, а музика нешто помалку. Приватниците просечно прикажувале секој ден по 1 час и 54 минути реклами.

МРТВ има повеќе вработени од сите приватни национални заедно

mtelevizii 03

Според податоците на ДЗС кои се однесуваат на периодот заклучно со 31.12.2014 МРТВ има повеќе вработени од 10-те приватни телевизии заедно, јавниот сервис имал ангажирано 852 луѓе од кои 500 во телевизијата, 213 во радиото и 139 во заедничките служби. Приватниците сите заедно имале вкупно 667 луѓе од кои 28 уредници, 191 новинар, 24 спикери и 340 технички персонал.

Според истите податоци во Македонија има едно јавно радио – дифузно претпријатие (МРТВ) како и 10 трговски радио – дифузни друштва кои зрачат телевизиска програма на државно, 27 на регионално и 25 на локално ниво.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП