25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија забележа раст во четвртиот квартал од 6,7 отсто

Кинеската економија забележа раст во четвртиот квартал од 6,7 отсто

made in china233

Кинеската економија се зголеми за 6,7 проценти во четвртиот квартал, каков што бил растот и во претходните три квартали, поддржан од поголемите државни трошоци и рекордното банкарско кредитирање, што ги засили стравувањата за ризици поврзани со задолженоста, покажува истражувањето на „Ројтерс“ кое опфаќа 62 економисти.

Втората по големина економија во светот, најверојатно е зголемена како целина со околу 6,7 проценти во 2016-та година, што е горе-долу просечна вредност во однос на целниот раст, определен од владата.

Економистите сметаат дека, сепак, Кина се соочува со се поголема неизвесност во 2017-та година, а хистеријата за домувањето покажува знаци на ладење, а ефектот од претходните иницијативи изгледа слабее.

Покрај тоа веќе извозот на Кина може да биде подложен на нов притисок, ако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го зајакне протекционизмот во трговијата на САД.

Економистите кои учествувале во студијата, сметаат дека бруто домашниот производ (БДП-то) на Кина се зголеми за 1,7 проценти на квартална основа во однос на 1,8 проценти во третиот квартал.

Иако кинескиот раст изгледа стабилен во почетокот на 2017-та година, по значителното забавување во вториот квартал се чини неизбежно, наведува во коментарот аналитичарот од „PIMCO“, Џен Фриеда.

Растот се стабилизира дури по значителните финансиски и кредитни стимуланси. Кинескиот државен и приватен долг најверојатно ќе префрли 285 проценти од БДП-то во оваа година, што е зголемување за 90 проценти во однос на 2009-та година, додава тој.

Предвидениот раст од 6,7 отсто за последниот квартал ќе биде блиску до најслабиот квартален раст по светската криза, а истовремено годишниот раст, кој исто така се очекува да биде 6,7 отсто, ќе е најнизок од пред 26 години.

Ако податоците за порастот на кинескиот БДП, кои ќе бидат објавени во петок, се изненадувачки силни, тоа најверојатно ќе даде поттик на светските финансиски пазари, особено на пазарите за суровини кои веќе се поддржани од рекордниот кинески увоз на нафта, железна руда, бакар и соја во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП