25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската инфлација се забрза до највисокото ниво од средината на 2014-та

Британската инфлација се забрза до највисокото ниво од средината на 2014-та

vbinfla 000

Британската инфлација во декември 2016-та година се забрза побрзо од очекувањата, достигнувајќи највисоко ниво од средината на 2014-та година, поддржана од повисоките цени на авионските билети и поевтинувањето на фунтата, како резултат на „Brexit“.

Официјалните податоци покажуваат дека потрошувачките цени на Островот се зголемиле за 1,6% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Тоа е над очекувањата на аналитичарите во истражување на „Ројтерс“ за инфлација на годишна основа од 1,4%.

Во ноември инфлацијата беше на ниво од 1,2%.

Од статистичката служба изјавија дека зголемувањето на цените на авионските билети и на храната, заедно со мало поевтинување на бензинот во споредба со декември 2015-та година, доведоа до забрзување на инфлацијата.

Англиската централна банка (ВоЕ) внимателно следи колку брзо се зголемуваат цените, додека се обидува да го измери веројатното влијание врз потрошувачката, што помогна на британската економија да го издржи шокот од одлуката за излегување од Европската унија.


source: tradingeconomics.com

„ВоЕ“ прогнозира во ноември дека инфлацијата ќе надмине 2,7% до крајот на оваа година, бидејќи сериозното поевтинување на фунтата по референдумот ги крева цените на увозот.

Оттогаш сепак фунтата ослабна уште повеќе – намалувајќи се под 1,20 долари во понеделникот и достигнувајќи едно од најниските нивоа за над 30 години, а меѓународните цени на нафтата се креваат. Многу економисти од приватниот сектор очекуваат инфлацијата да достигне 3%, најверојатно уште во текот на летото.

Фунтата е со речиси пад од 20% во однос на американскиот долар и со 13% во однос на еврото од референдумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП