25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром испрати сметка oд 5,3 милијарди долари на Нафтогаз Украина

Газпром испрати сметка oд 5,3 милијарди долари на Нафтогаз Украина

gazpormce35

Руската компанија „Газпром“ испратила фактура во вредност 5,3 милијарди долари на „Нафтогаз Украина“ за природен гас, соопштува „ТАСС“.

Минатата година украинската компанија не купуваше гас директно од „Газпром“, но во важечкиот договор меѓу двете компании постои клаузула „take or pay“, која ја обврзува „Нафтогаз Украина“ да купи некое количество гас или да плати за него, ако не го земе.

Од „Газпром“ се категорични дека украинската компанија била должна да купи гас во вториот и четвртиот квартал. За првиот квартал клаузула не важела. Износот за кој од Русија го бараат, треба да биде исплатен во рок од 10 дена.

Принципот „take or pay“ е главен за работата во гасниот сектор, коментира шефот на „Газпром“ Алексеј Милер. Оваа клаузула присуствува, бидејќи производителите ги задржуваат волумени по објектите за пренос на суровина.

„Таа гарантира дека гасот ќе биде продаден токму според договорот на купувачот“, вели тој.

„Нафтогаз Украина“ и „Гаспром“ поднеле против-побарувања во Арбитражниот суд во Стокхолм за прекршоци. Украинската компанија се жали на прекршувања на договорите за купопродажба на гас и за транзитот. Од своја страна „Газпром“ очекува 31,7 милијарди долари обврски од украинската компанија.

Очекувањата се случајот на „Нафтогаз Украина“ за купувања на гас да има решение до крајот на март 2017-та година, а за договорот за транзит до крајот на јуни 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП