29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ја заврши 2016-та со примарен буџетски суфицит од 4,4 милијарди евра

Грција ја заврши 2016-та со примарен буџетски суфицит од 4,4 милијарди евра

grevro00

Примарен буџетски суфицит од 4,39 милијарди евра забележа грчкото Министерство за финансии за 2016-та година. Извршувањето на буџетот е значително подобаро од предвидувањата на експертите.

Во буџетската рамка на Грција, минатата година беше констатиран вишок од 1,98 милијарди евра. Подобрата наплата на даночните приходи, сепак доведе и до поголем вишок од 2015-та година, исто така, заврши со позитивна разлика меѓу приходите и трошоците на владата, но вишокот беше од 2,27 милијарди евра.

Во декември трошоците за јавната инвестициона програма на грчката Влада се најголеми за целата година – 2,8 милијарди евра, или со 621 милиони евра повеќе од предвиденото, покажува уште статистиката. Во периодот јануари – декември трошоците за програмата надминуваат 6,28 милијарди евра, со 462 милиони евра помалку од предвиденото.

Во последниот месец од годината грчката влада потрошила за 1,55 милијарди евра повеќе од прогнозата на експертите. Трошоците за државниот буџет за декември достигнуваат 9,23 милијарди евра.

Приходите од даноци ја надминуваат предвидената цел од 180 милиони евра во последниот месец од годината.

Генерално приходите во државниот буџет на Грција во 2016-та година достигнуваат речиси 54 милијарди евра, што е за 3,1% повеќе од проценките.

Добрите приходи во буџетот и овозможија на владата да подари новогодишни бонуси на ранливите пензионери во земјата. За мерката беа издвоени 617 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП