28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mustang доби 10-степен автоматски менувач (фото+видео)

Новиот Mustang доби 10-степен автоматски менувач (фото+видео)

musti 00

Компанијата „Ford“ ја претстави обновената верзија на спортското купе „Mustang“. Моделот има променет изглед, станал помоќен и веќе може да се нарача со 10-степен автоматски менувач. Тој доаѓа како опција, истото важи и за новиот дигитален инструмент панел.

musti 0002

Промените во надворешноста ја засегнале најмногу оптиката, при која предните фарови се со сосема поинаква форма. Променета е и конфигурацијата на „LED“ диодите на задните светла. Капакот на автомобилот исто е со различна форма, а предниот дел е сместен со 20 мм пониско од досега.

musti 0003

Ентериерот на спортската машина останува ист, но за него веќе се нуди 12-инчен „LCD“-дисплеј кој ја игра улогата на панелот со инструменти. Во опциите за моделот веќе се вклучени најсовремените системи за безбедност, а меѓу нив е функцијата за предупредување од директен судир, како и системот за задржување на возилото во лентата на движење.

Покрај тоа „Ford Mustnag“ добил нови амортизери и стабилизатори. Измени има и во палетата мотори, од која отпаѓа 3,7-литарскиот „V6“. Од „Ford“ откриваат дека најголемиот мотор – 5,0-литарскиот „V8“ е помоќен и поекономичен, но не беа објавени неговите карактеристики по промената. За верзијата со овој агрегат се нуди и нов издувен систем со променлива јачина на звукот.

musti 0004

Нов е и 10-брзинскиот автоматски менувач, кој менува многу побрзо од досегашниот со 6 брзини. Новата трансмисија ќе се нуди како за 2,3-литарскиот „EcoBoost“, така и за 5,0-литарскиот „V8“. Спортското купе го задржува и 6-брзинскиот мануелен менувач, кој исто така е модернизиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП