25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно зајакна довербата на инвеститорите во Германија

Повторно зајакна довербата на инвеститорите во Германија

2084315582587e2dc275ee5635971582_w640

Довербата меѓу инвеститорите во Германија забрза во месец јануари, спротивставувајќи и се така на политичката неизвесност ширум еврозоната.

Индексот на доверба на инвеститорите во Германија во јануари порасна за 2,8 поени, на 16,6 поени, покажаа објавените резултати од истражувањето на економскиот институт ZEW, а пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите кои ги анкетираше компанијата Кафтсет предвидувале дури и посилен раст, на 18,8 поени.

„Благиот раст главно е резултат од напредокот во економиите на еврозоната“, се наведува во соопштението на директорот на ZEW, Аким Вамбах.

Минатонеделните податоци покажаа дека германската економија пораснала за 1,9 проценти во 2016 година, што е најбрзото темпо на раст од 2011 година, потсетува АФП, додавајќи дека така позитивните податоци ги изненадиле економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП