19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Crossland X – нов мал урбан кросовер (фото+видео)

Opel Crossland X – нов мал урбан кросовер (фото+видео)

land cross 00

„Opel“ ги објави фотографиите и техничките детали за новиот поткомапктен кросовер, кој во гамата на производителот ќе го замени моделот „Merivа“.

Како што велат од „Opel“, овој урбан „CUV“ модел (Crossover Utility Vehicle) е вториот член на „Opel X“ семејството. Според нивните зборови, „Crossland X“ нуди „семејно ориентирани карактеристики“ во „B“ сегментот на возила, во кој се придружува на моделот „Mokka X“.

Во споредба со споменатиот „Mokkа X“, кој е достапен со изборен погон на сите 4 тркала за повремени „off-road“ aвантури, „Opel Crossland X“ е наменет пред се за урбани средини.

land cross 01

Aвтомобилот има своја интерпретација на дизајнерската филозофија на „Opel“, „скуптуларна уметност, комбинирана со германска прецизност“, што во исто време го прави софистициран и стабилен.

Доколку се гледа од предната страна, кај „Crossland X“ се истакнува нагласената маска на ладилникот и сега веќе препознатливите „Opel LED“ дневни светла со т.н. двојни крила. Хоризонталните линии во вид на хромирани лајсни, кои се протегаат од логото до „LED“ светлата ја нагласуваат ширината на возилото.

land cross 02

Острите странични линии со ефектот на „лебдечки покрив“, кој визуелно го разделува горниот од долниот дел на автомобилот, исто така допринесува за тоа автомобилот да изгледа подолг и поелегантен. Сличен визуелен трик е оптичкото продолжување на каросеријата применет и кај помалиот модел „Adam“.

Токму како и кај „Adam“, и кај моделот „Crossland X“ можно е да се порача автомобил со покрив во друга боја.

Задниот дел на каросеријата го нагласува „SUV“ карактерот на автомобилот, првенствено благодарејќи на засилувањето во долниот дел. Високо позиционираните задни светлосни групи исто така содржат мотив на двојни крила.

land cross 03

Скулпторскиот дизајн е карактеристика и на внатрешноста. Таблата со инструмени и централната конзола јасно се ориентирани кон возачот.

Дискретниот хромиран „финиш“ околу отворите за вентилација треба да го нагласат квалитетот во изработката на ентериерот.

Димензиите на „Crossland X“ претставуваат компромис прилагоден за градско возење, но и пространост на ентериерот кој е погоден и за подолги патувања. Со должина од 4,21 метри, „Crossland X“ е за 16 сантиметри пократок од „Astrа“, но во истовреме е повисок за 10 сантиметри.

Благодарејќи на тоа патниците уживаат во подигнатата позиција на седење, што донесува подобра прегледност, слична како и кај класичните „SUV“ модели. Купувачите кои чувствуваат пространост сакаат да го надоградат, па можат да се определат за верзија со панорамски покрив.

land cross 05

Покрај тоа, патниците на задните седишта можат да ја поместуваат задната клупа во должина, па така го зголемуваат просторот за нозете за 15 сантиметри. На тој начин овој автомобил станува или простран на задната клупа, или располага со поголем багажен простор, што значително допринесува за неговата флексибилност.

„Crossland X“ има и некои нови иновации кои секојдневното возење го прави побезбедно, покомфорно и полесно. На списокот на опрема се наоѓа „Head up“ дисплеј, камера од 180 степени за возење наназад, со „Advanced Park Assist“, потоа „Forward Collision Alert“ и „Autonomus Emergency Braking1“, „Lane Keep Assist“, „Speed Sign Recognition“ и „Side Blind Spot Alert“.

land cross 06

Новиот кросовер ќе нуди можност за поврзување на мобилните уреди благодарејќи на „Opel OnStar“, како и „AppleCarPlay“ и „Android Auto“, компатибилната „IntelliLink“ технологија за мултимедијалниот систем, кој вклучува и екран чувствителен на допир во дијагонала од осум инчи.

Патниците на предните две седишта можат да уживаат во предностите на ергономските седишта на „Opel“ со „AGR“ (Aktion Gesunder Rücken) сертификат.

Зафатнината на багажниот простор е 410 litara, без соборување на задната клупа. Со поместување на седиштата во крајната предна положба, багажникот се зголемува за 520 литри. Ако задната клупа се преклопи, багажниот простор се зголемува на 1.255 литри.

land cross 04

Очекувано, патниците на располагање имаат голем број практични места за складирање на мали предмети.

„Opel“ за сега не ги објави податоците за моторизациајта, но треба да се очекува погонската палета да биде превземена од моделите „Astra“ и „Mokka X“.

land cross 07

„Crossland X“ ќе има саемска премиера на авто-саемот во Женева на почетокот на март, а за тогаш се очекуваат повеќе детали за овој автомобил, како и информација за стартот на продажбата и цените.

Погледнете го промотивното видео за моделот „Opel Crossland X“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП