19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците: Сега е јасно - бегаме од Британија

Германците: Сега е јасно – бегаме од Британија

ger-bri

Изјавата на британската премиерка Тереза Меј дека Лондон ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ, разјасни некои работи, изјави Фолкер Трејер.

Како што изјави, тоа значи дека германските компании ќе започнат да ги намалуваат инвестициите во Велика Британија, соопшти германската Економска и индустриска комора (DIHK) на чие чело е тој.

„Сега ќе следат намалувања на инвестициите на германските компании во Велика Британија“, изјави Трејер.

Тој во изјавата за Ројтерс кажа дека тврди дека Brexit ќе ја намали можноста за економски раст на двете страни на Ла Манш како и дека Велика Британија од сега ќе биде помалку значајна за Германија како извозна дестинација.

Говорот на британската премиерка Тереза Меј, која во парламентот најави „тврд излез“ на Обединетото Кралство од Европската унија, наиде на спротивставени реакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП